Како да направите домашен путер во тегла? (ВИДЕО)

За овој интересен „проект“ ви треба само една стаклена тегла со капак, павлака за готвење и ладна вода.

0
612

Научете како да направите домашен путер и матеница на старомоден начин, со помош на стаклена тегла со капак.

За ова ви требаат само:

тегла (без оглед на големината на теглата, треба да ја наполните само до половина за да има доволно простор за матење на состојките)

павлака за готвење

ладна вода

Начинот на приготвување видете го во видеото подолу.

Овој рецепт е за несолен путер. Ако сакате солен, додадете малку сол во павлаката за готвење пред да почнете да ја тресете теглата (до 1/4 лажичка сол за 1 чаша павлака). Исто така, доколку сакате, можете да додадете и зачини по ваша желба, мед и други ароми за некои погурмански опции.

Путерот може да трае 3-5 дена на собна температура, и околу 7-10 дена во фрижидер. Течноста што ќе остане откако ќе го формирате путерот е матеница и исто така можете да ја чувате во фрижидер околу една недела.