Kако да направите домашни соленки?

Сувите крцкави италијански стапчиња леб можете според изворниот рецепт да ги направите од стасано тесто, но и од останатите видови тесто како што е на пример, лиснатото или она за киш лорен

0
389

Овие соленки се јадат самостојно или наместо леб, со разни сосови и намази, а често се послужуваат и како фингерфуд, завиткани во пршут. Ако ви остане вишок од било кое тесто, за правење леб, за пица или погача, исечете го на ленти, обликувајте го, поросете со зачини по ваш вкус или со ароматични билки како босилек и рузмарин и испечете ги.

Можете да ги направите и наменски акашто ќе замесите тесто од брашно, путер, маслиново масло или свинска маст, прашок за пециво, и крем или свежо сирење. Расукајте го во тенок слој, премачкајте со матено јјаце и поросете со пармезан или со крупна морска сол па исечете долгнавести стапчиња, и исечете го во форма на соленки. Печете ги додека не се заруменат.