Како да направите Гарам масала?

0
615

 

Гарам масала е мешавина од зачини која се користи првенствено во индиските, непалските и други азиски рецепти. Самото име во превод значи „лут зачин“, а се додава во јадењата сам или во комбинација со други зачини.

Составот на оваа мешавина од зачини зависи од регионот во кој се прави, такашто постои цела низа од верзии кои се разликуваат и од семејство до семејство. Во некои краеви се користи сува мешавина од зачини, додека пак во други се приготвува своевидна паста од зачини кои се комбинираат со вода, оцет, кокосово млеко и други течни состојки за да се добие форма на паста која потоа се додава во јадењата. Сепак, во повеќето рецепти за Гарам масала зачин потребно е состојките да се испржат, а потоа да се измешаат и да се сомелат. Повеќето рецепти за Гарам масала ги содржат следните зачини: Кардамон, каранфилче, морско оревче, цимет, ким, анасон, црн бибер и пискавица (грчко семе). Се препорачува Гарам масала да се приготвува во текот на подготовката на јадењето за да има поизразена арома. Секако, може да се приготву и однапред и да се чува во тегличка но најмногу шест месеци. Испробајте го овој едноставен рецепт за приготвување на овој зачин, а потоа, од следниот пат, слободно додавајте и одземајте и направете ја по свој вкус:

Во тава пропржете 4 лажички семки од кориандер, 1 лажичка семки од ким, 1 лажичка црн бибер во зрна, 1 лажичка каранфилчиња, 1 лажичка цимет во помали парченца и 1 лажичка здроневн лист од ловор. Пржете ги зачините на средна температура без зејтин додека малку не потемнат, но не повеќе од 2-3 минути. Потоа оставете ги да се оладат па извадете ги лушпите од кардамонот и додадете 1 лажичка сув ѓумбир. Смелете ги сите зачини со помош на мелница за кафе, ставете ги во стаклен сад и чувајте ја мешавината на ладно и темно место.