Како да направите кисели шери домати?

Можеби никогаш досега не сте ги пробале во оваа варијанта, ќе признаете дека се толку вкусни што е вистинска штета да не се ужива во нивниот вкус цела година.

0
220

Киселите шери домати се одлични со салати со тестенини, како дел од чинија со кашкавал или дел од гаспачо. Секако вреди да се проба.

За една тегличка ќе ви требаат:

Шери домати колку што ќе собере теглата

1 лукче

Црн пипер во зрна

1 шолјичка јаболков оцет

1 шолјичка вода

Сол и шеќер

Приготвување:

  1. Измијте ги и исушете ги, а потоа направете им дупче со стапче за ражен
  2. Ставете ги во теглата зачините и доматите
  3. Помешајте оцет, вода, сол и шеќер и загрејте ги до вриење, прелијте врз доматите и затворете.
  4. Оставете да се олади и складирајте во фрижидер.