Како да направите млеко од овес?

Дали знаевте дека млекото од овес содржи дури 10 минерали и 15 витамини? Освен тоа, полномасното кравјо млеко ни дава околу 28 отсто од препорачаната дневна доза калциум, додека со една шолја млеко од овес задоволуваме околу 36 отсто од дневните потреби за овој важен минерал.

0
1040

Дури и ако немате проблем со лактозата, не е лошо да размислите за промена на вашите навики. А ако ѝ припаѓате на групата луѓе кои се интолерантни на лактоза – во тој случај вашиот спас е домашното, ефтино млеко од овес.

Млекото од овес не е тешко да се направи дома – потребни ви се само овес, вода и добар блендер.

Дали знаевте дека млекото од овес содржи дури 10 минерали и 15 витамини? Освен тоа, полномасното кравјо млеко ни дава околу 28 отсто од препорачаната дневна доза калциум, додека со една шолја млеко од овес задоволуваме околу 36 отсто од дневните потреби за овој важен минерал.

Не треба да заборавиме дека оваа поефтина замена за млеко содржи речиси двојно повеќе витамин А од кравјото млеко, а изобилува и со Ц, Б, Д и Е витамини. Освен што не содржи никакви маснотии, млекото од овес ќе подмири околу 10 отсто од дневната препорачана доза на железо.

Што ви е потребно за 3 шолји овесно млеко?

1 шолја овесни снегулки

3 шолји ладна вода

И за подобрување на аромата – 2 лажички екстракт од ванила и 4 урми или 1-2 лажички мед.

Приготвување:

Најдобро е да го прелиете овесот со вода и да го оставите во фрижидер цела ноќ, а ако сакате побрзо да го направите, оставете го натопено барем 20 минути. Откако ќе го процедите овесот, ставете го во блендер, додадете 3 шолји ладна вода и урми (по желба), па сѐ заедно измешајте. Оставете ја смесата во блендерот додека не добиете течност како млеко, без грутчиња.

Потоа изцедете го млекото низ цедилка и уживајте. Ова вкусно млеко можете да го чувате во фрижидер 2-3 дена, а задолжително проматете го пред употреба.

Напомена: доколку не сакате да добиете желатинозна маса, не би требало да го загревате ова млеко.