Како да направите освежителен ароматичен напиток?

Преку ден, лимонада со свеж босилек, рузмарин и маџун, а навечер - малку џин со лимонада или со тоник и неколку ливчиња свежо нане и ако имате - бобинки од смрека и розев пипер.

0
163

Наутро направете лимонада, ставете внатре неколку коцки мраз, неколку ливчиња свеж босилек, гранче свеж рузмарин, неколку кришки излупено зелено јаболко и ако сакате послатка варијанта, 2 лажици маџун. Ќе имате освежителен здрав пијалок преку целиот ден.

Навечер, ако сакате да си поседите сами со себе и евентуално, ако не ви се спие, не е воопшто лошо да си направите еден џин-тоник со свежо нане.

Босилек, рузмарин и нане, доколку немате на својата тераса, сигурно ќе најдете на пазар.