Како да направите тесто за Киш лорен?

0
634

Состојки:

300 г брашно

150 г путер

½ лажичка сол

2-3 лажици вода

Приготвување:

  1. Помешајте ги брашното и солта, додадете путер исечкан на коцки. Путерот мора да е на собна температура, не смее да е премногу ладен.

Мешајте брзо само со прсти 2-3 минути додека не добиете смеса налик на ситни трошки.

  1. Додавајте од водата по малку се додека не добиете тесто од кое ќе можете да направите топче. Бидејќи сите брашна не се исти, можеби ќе ви требаат дополнителни 2-3 лажици вода.
  2. Ако тестото не ви треба веднаш туку за следниот ден, ставете го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер или, доколку не знаете точно за колку време ќе го употребите, можете да го замрзнете.
  3. Кога ќе решите да правите нешто, извадете го тестото и развлечете го директно во вашиот калап или врз хартија за печење.
  4. Кога ќе го ставите во калапот, избоцкајте го тестото со вилушка. Тоа ќе помогне за да не се крене во текот на печењето. Тогаш мора да го ставите повторно во фрижидер кадешто ќе остане додека не го подготвите филот.