Како да препознаете кога е време за прочистување на црниот дроб

Кога вашиот црн дроб моли за помош, време е да му одговорите. Во спротивно можете трајно да го нарушите здравјето. Дознајте кои се знаците дека ви е потребна итна детоксикација на црниот дроб.

0
1180

Кога на еден од највредните органи во нашиот организам му треба помош,тоа значи дека сме го оптовариле со нездрав живот и таа отежнато го чисти телото од токсини или сме го ослабнале на некој друг начин.

Обично станува збор за тоа дека црниот дроб е оптоварен со нездрави мастиа ако состојбата се влоши, ова преоѓа во заболување кое се вика замастен црн дроб. Клетките во црниот дроб се однесуваат како филтри и ако тие клетки отечат, ако се полни со маснотии тогаш не можат да работат правилно па многу токсини останваат на нашиот организам и се пренесуваат преку крвта до срцето. Непрочистената крв може да го оштети срцето и системот за имунитетот и да доведе до претерано стареење.

Еве на кои знаци треба да обрнете внимание:

Често се будите во текот на ноќта (помеѓу 2 и 4)

Имате повремено болки во пределот на црниот дроб

Појава на рефлуксна болест и киселини

Се појавуваат темни точки по телото

Имате проблеми со кожата (акни и чешање)

Рчењето, несоницата и заморот се често присутни.

Проблеми со варењето (пролив, надуеност, запек, често подждригнување,…)

Проблеми со регулацијата на килограмите (наспроти диетата, тешко ги губите килограмите)

Висок холестерол и триглицериди

Наслаги околу струкот, стомак, кој и покрај вежбањето не исчезнува

Околу очите често се појавуваат жолтеникави кесички.

Слабо толерирате чад, испарувања, алкохол и тутун.

Главоболките се јавуваат почесто во утринските часови.

Ако забележите некој од овие знаци, време е да го ислистите црниот дроб и ќе се чувствувате подобро. А како да го направите тоа, прочитајте ТУКА.

Фото: Pixabey