Како да се размеси марципанот?

0
402

Да се размеси готовата маса марципан не е секогаш едноставно – ако се обидете тоа да го сторите како со обично тесто, масата пука или се лепи на сукалото. Но, има решение за секој проблем.

Готовиот марципан мора да отстои на собна температура. При размесувањето, посипувајте го со шеќер во прав. Прво со сукалото добро измесете го, а потоа размесете го во саканата дебелина и обликувајте го по желба.