Како Јапонците прават реплики на храна? (ВИДЕО)

0
216

Во време кога секојдневно не „бомбардираат“ со вести и извештаи за канцерогени намирници, вештачката храна која веќе со години е тренд во Јапонија, стана вистинска уметност, но и одличен начин за заработувачка.

Имено, вештачката храна е начин на кој рестораните ја рекламираат својата вистинска храна и услуга.

Изработката на овие изложбени гастро уметнички дела е и до десет пати поголема од самиот оброк, но угостителите не се бунат затоа што гостите сега точно знаат што е тоа што го добиваат (репликите се толку веродостојни), а самите готвачи не мораат секој ден да прават нови изложбенои јадења за истите да останат свежи и веродостојни.

Првата средба со овој вид на храна, доколку досега не сте виделе како се изработува, ќе ве остави без текст, а на крајот е навистина тешко да се поверува дека оваа храна не е за јадење.