Како правилно да ги миете и да ги чувате овошјето и зеленчукот?

Откако потрошувачите во некои земји повеќе пати оваа сезона беа предупредени на зелената салата контаминирана со бактеријата Ешерихија коли, би требало уште еднаш да се осврнеме на темата за правилното миење на зеленчукот и овошјето.

0
117

Сите знаеме дека најсвежи и најбезбедни се оние производи кои се локално и органско одгледани. Имено, колку пократок е патото (превозот, складирањето) на овошјето и зеленчукот до потрошувачите, толку е помал ризикот во нив да се развијат штетни бактерии. Затоа и органското и локално овошје и зеленчук, секако, доколку ви се достапни, можете само накратко да ги измиете под млаз ладна вода и во сласт да си ги изедете. Но што со оние другите?

Зеленчукот и овошјето од супермаркетите често минува долг пат од производителот кој е често на еден крај од светот, до потрошувачите кои се на друг крај од светот. Не можете да знаете што се преживеало патем. Дури и органски произведените производи од далечните дестинации би можеле во текот на складирањето или превозот да „соберат“ бактерии. Затоа, задолжително и добро измијте ги. Според истражувањата, сода бикарбоната најефикасно ги отстранува остатоците од пестицидите па затоа е најдобро да ги измиете продуктите такашто во литар вода ќе ставите 2 лажици сода бикарбона и ќе ги измиете.

Не е добро измиените производи да се чуваат во фрижидер. Влажното опкружување им годи на бактериите, дури и на ниските температури во фрижидер. Освен тоа, изминото овошје и зеленчукот побрзо скапуваат па е најдобро да се мијат непосредно пред да се консумираат.

Некои видови на зеленчук не би требало претерано да се „тријат“ затоа што на тој начин миожете дури и да ја зголемите можноста бактериите да навлезат во нив. Станува збор за деликатниот зелен зеленчук, за печурките и за некои помеки видови овошје. Би било идеално нежно да се пребришат со влажна крпа или внимателно да се измијат. Сепак, ако приготвувате коренест зеленчук (компир, моркови), можете да ги измиете со четка под млаз ладна вода. Истото се однесува и на јаболките и слично цврсто овошје.

И на крајот, секако, важно е дали правилно ги чувате зеленчукот и овошјето затоа што на тој начин го намалувате ризикот од несакани бактерии. Кајсиите, зачинските билки, морковите, јагодите, малините, зелениот зеленчук, исечкано овошје и слични би требало да се чуваат во фрижидер. Авокадото, прасдките, крушите можат да се остават целосно да созреат на собна температура пред да ги ставите во фрижидер. Јаболките, бананите, лубениците, дињите, кромидот, лукот, компирите, доматите, можете да ги чувате најмалку една недела (а и подолго) на собна температура.