Како правилно да ги замрзнете свежите јагоди за да го зачуваат вкусот

0
184

Ако многу ги сакате јагодите или пак купивте поголема количина за да направите мармалад или слатко, ама наеднаш ви излегоа премногу обврски па гледате дека нема да стасате да направите ништо од тоа, а јагодите ќе скапат, ви преостанува само да ги замрзнете.

Ако ги замрзнете правилно, тие ќе ги зачуваат хранливите состојки и квалитетот, а ќе се задржат и нивниот вкус и нутритивните вредности. Имајте предвид дека замрзнатите јагоди ја менуваат бојата, стануваат потемни и нивната текстура станува помека, такашто тие и не треба да имаат изглед како свежите. Но вкусот ќе биде речиси ист како и на свежите.

Чекор број 1:

Одберете јагоди кои се темно црвени, цврсти и потполно зрели. Измијте ги и исушете ги внимателно, одвојте ги ливчињата и кога ќе се исушат ставете ги врз хартија за печење.

Чекор број 2:

Јагодите може да ги замрзнете цели, половинки или здробени, но можете и да ги замрзнете наредени врз хартијата, па кога ќе се замрзнат преместете ги во кеси за замрзнување. Обидете се да оставите што повеќе воздух во кесата за да не се лепат премногу една за друга.

Совет плус: Ако не се доволно слатки, преполовете ги или иесечкајте ги во еден сад. Додадете им шеќер па помешајте ги за да се стопи шеќерот. Полека израмнете ги и ставете ги во замрзнувач.