Како се сече секој вид на сирење на вистински начин?

Љубители на сирење, дали знаете како правилно да исечете различни видови и форми на кашкавал и сирење?

0
265

Има многу видови сирења, но и многу начини на кои тие треба да се сечат, на тркалца, триаголници, квадрати,…

Но, како што знаеме, не се сите сирења создадени еднакви, и никогаш не треба да се третираат како такви … и затоа се разликуваат техниките на сечење за  различни форми и видови.

„Франција е многу горда на своите сирења“, изјави Чарлс Дуке, управен директор на францускиот одбор за млечни производи, кој ја зголеми свеста за европските сирења и путери во САД.

Еве ги неговите совети за тоа како треба да се сече правилно секој облик на сирење.

  1. Пирамида (козјо сирење): Започнете од центарот и сечете надолу. Сечете сирење во триаголници.
  1. Парче (Гауда): Ова сирење се сече паралелно со најголемиот дел од кората, а потоа, при крајот, сечете ги попреку, како на сликата, така за да имате малку кора на сите парчиња.
  2. Лог (козјо сирење): Бидејќи ова сирење често доаѓа со надворешна обвивка или зачинет надворешен изглед, сирење се сече на тркалца со лизгање на ножот или со помош на забен конец, такашто надворешниот дел останува на целото парче.
  3. Парче (Сино сирење): Сечете од средината на потенкиот дел од парчето на парчиња подеднакво распоредени по должината на дебелиот раб.
  4. Парче (Бри): Ако парчето е многу долго, прво исечете го крајното парче (иако овој дел има најмногу вкус, такашто можете и да го оставите ако сакате … или само да го земете за себе). Потоа исечете по дијагонали, такашто секое парче ќе има малку кора.

Фото: Инстаграм