Калинката ги забавува симптомите на Алцхајмер

Семките од калинка докажано влијаат врз забавување на симптомите на Алцхајмер и останатите болести на мозокот, одлични се за намалување на притисокот, против рак на простата и на дојка

0
544

Семките се животна енергија на секоја билка, овошје или зеленчук кои ги консумираме и можат да бидат извонредно дополнување во исхраната затоа што содржат голем процент на витамини и минерали па ја зголемуваат нутритивната вредност на оброкот.

Предности: Семките од калинка се одличен додаток во диетите за губење на тежината и за намалување на крвниот притисок, докажано делуваат на забавување на симптомите на Алцхајмер и останатите болести на мозокот, против рак на простата и рак на дојка. Тие семки се моќен антиоксиданс, корисен за имунолошкиот систем, делуваат антибактериски, противвоспалително и помагаат за воспоставување на рамнотежа помеѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол.
Примена: Вообичаени го користиме како овошје, најчесто одделно или како додаток во овошните салати или во овесна каша. Често се додаваат и во салатите со сирење или со бело месо, затоа што даваат специфичен, сочен вкус. Одлично одат во варива и во гулаш со свинско или со месо од мисирка или кокошка, како и во густите зеленчукови супи.
Предлог: Помешајте две лажички семки од калинка во сос од домати зачинет со кориандер и чили и прелијте ги тестенините. Лажичка семки од калинка ќе му дадат посебен вкус на јогуртот или павлаката па ако додадете и пола лажичка мед и прстофат цимет, ќе добиете одличен меѓуоброк.