Касерола со малини

0
374

Состојки:

2 шолји мусли

Јаткасто овошје по вкус (ореви, бадеми, лешници)

Суво овошје по вкус

1/2 шолја кафеав шеќер

1/4 шолја брашно

4 лажици путер исечкан на парчиња

2 пакувања замрзнати малини

1 шолја кисела павлака

Приготвување: 

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени.
  2. Помешајте ги муслите, шеќерот и брашното, па додадете ги путерот и исечканите јаткасти плодови и суво овошје. Мешајте со рака додека не се формираат грутчиња.
  3. Малините и киселата павлака, помешајте ги па ставете ги во керамичкиот сад, а мешавината од мусли издробете ја одозгора.

Покријте со фолија и печете 30 минути, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.