Кесадилја со спанаќ

И здраво и вкусно

0
254

Ако сакате да експериментирате со храна, пробајте ја оваа комбинација на тортилји со спанаќ.

Состојки:

5 тортилји
1 чешне лук
1 лажица стопен путер
1 лажица маслиново масло
¼ кромид
400 гр ситно исечкан спанаќ
Сол, црн пипер
100 г фета сирење
1 јајце
Малку копар

Приготвување:

Пропржете го ситно сечканиот кромид на маслиново масло и путер (околу 3 минути). Додадете ситно сечкан спанаќ и чешне лук и зачинете.
Префрлете ја смесата во чинија и оставете ја да се олади.
Во меѓувреме помешајте ги сите останати состојки за да се добие фил подготвен за пржење.
Спанаќот исцедете го од вишокот вода па префрлете го во смесата за фил.
Полнете ги тортилјите (на едната половина ставете фил, па поклопете со другата половина) и ставајте ги на неподмачкана тава и потпечете ги од секоја страна по 4 минути.
Послужете ги со таратур или со павлака.