Кисели краставички: Го штитат црниот дроб, го забрзуваат варењето, помагаат кај дијабетес

Oсвен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот, спречуваат настанување на чир на желудник, а се и добар пробиотик, како и...

0
589

Малкумина се оние кои не сакаат кисели краставички, а тоа е добро со оглед на бројните здравствени придобивки од нив.

Киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, прехранбени влакна, многу малку маснотии, а се богат извор на минерали, меѓу кои и на калиум, натриум и фосфор. Содржат витамини како што се витамините Ц, А, Б-6, Б-12, рибофлавин, ниацин и тиамин.

Тие се и силен антиоксиданс – го штитат телото од слободни радикали, нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашиот организам.

Одличен пробиотик се – го балансираат варењето и го забрзуваат создавањето добри бактерии кои се клучен дел од нашето здраво варење.

Го чуваат црниот дроб – освен што го подобруваат варењето, киселите краставички го штитат и црниот дроб и му помагаат да ги филтрира токсините од организмот.

Спречуваат настанување на чир на желудник – чирот е внатрешна рана на желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини.

Помагаат кај дијабетес.

Истражувањето покажало дека киселите краставички ја стабилизираат количината на хемоглобин – протеини во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот.

Фото: Pixabey