Киш со праз, сланина и печурки

Кога немате идеја за ручек, направете го она вкусно и едноставно тесто со путер, брашно и јајце и направете фил од остатоците во фрижидерот

0
492

Тестото за киш е најлесно и не треба никакво искуство за да се направи, а можете да си направите и поголема количина која ќе ја замрзнете па така секогаш ќе имате при рака готово тесто.

Состојки:

За тестото:

300 г брашно

150 г путер

1 јајце

сол

За филот:

Две стапчиња праз

2 јајца

1 павлака

сол, црн пипер

сланина

печурки

1/2 тиквица

Приготвување:

Помешајте ги состојките и формирајте го тестото во топче кое ќе го завиткате во проѕирна фолија и ќе го оставите во фрижидер барем половина час.

Исечете го празот на тркалца, а сланината на коцки и пропржете ги на малку масло, па додадете ги печурките и тиквицата исечкана на коцкички и зачинете. Откако ќе се пропржат, ставете го на страна да се подизлади па додадете ги јајцата и павлаката.

Извадете го тестото од фрижидерот и развлечете го на големина од тепсијата за печење. Избоцкајте го со вилушка на неколку места и ставете го одозгора филот па печете во загреана рерна 30-40 минути, во зваисност од рерната.

Се разбира, филот можете да го направите и од нешто друго. Зависи што ви останало во фрижидерот.