Киш со тиква

0
318

Состојки:

За тестото:

100 г интегрално брашно
100 г ржено брашно
Малку сол
½ лажичка мајчина душица
Малку бибер
50 г маслиново масло
1 дл ладна вода

За филот:

300 г тиква, излупена и изрендана
1 кромид
1 јаболко
1 дл млеко
2 јајца
1 лажица маслиново масло
150 г павлака
150 г кашкавал
Сол, бибер

Приготвување:

1. Замесете меко тесто од состојките и ако е потребно додадете уште малку ладна вода. Расукајте го тестото што потенко и ставете го во калап за пита (25 cm.) Избоцкајте го со вилушка и ставете го во фрижидер додека го правите филот.
2. Загрејте ја рернсата на 190C.
3. Исечете го кромидот на полумесечини и динстајте го околу 10 минути на малку маслиново масло, додека не омекне. Оставете го да се олади настрана. Изматете ги јајцата со сите течни состојки, па додадете ги зачините и на крајот тиквата, јаболкото, динстаниот кромид, павлаката и кашкавалот. Тестото во калапот печете го околу 5 минути, а потоа извадете го, ставете го филот, распоредете го рамномерно по тестото и печете околу 35-40 минути. Послужете со свежо исечкан магдонос, малку маслиново масло, малку густ оцет балсамико, лажица кисела павлака и свежи мелен бибер.