Кнедли со сливи: најчестите грешки заради кои не ви успеваат

Има цела нијанса во приготвувањето на кнедлите, но она со што се согласуваат речиси сите, е видот на компири. Најдобри компири за кнедли се старите.

0
720

Има многу нијанси во приготвувањето на кнедлите, но она со што се согласуваат речиси сите, е видот на компирите од кои се прават. Најдобри компири за кнедли се старите.

Некои ги јадат со павлака и со шеќер, а други со цимет и ванилин шеќер.

Рецептите за традиционалните кнедли се пренесуваат од генерација на генерација, па така некои домаќинки пирето од компири и брашно го месат со маргарин, некои со зејтин, некои со свинска маст, а некои со путер.

Ако користите густин наместо брашно, на 500 г компири одат околу 35 г густин, 2 јајца и 25 г растопен путер. За да не ви се лепи тестото за раце при обликувањето на кнедлите, можете да ги набрашните, да ги натопите со вода или да ги намрсите.

За да бидат совршени, ставете ги компирите пред да ги згмечите во пире, во загреана рерна на 160°C а потоа исклучете ја. Оставете ги компирите внатре околу 15 минути, за да се извлече вишокот вода.

Еве кои се најчестите грешки при правењето на кнедли:

Употребувате погрешно брашно

За да бидете сигурни дека кнедлите нема да бидат како гума, правете ги со остро брашно, наместо со меко.

Не го месите доволно тестото

Тестото од компири добро измесете го на подлога поросена со брашно.

Ги правите со количини „од око“

Ако веќе безброј пати сте правеле кнедли и го имате рецептот во малиот прст, но секогаш излегуваат различно, најдобра варијанта е да ги измерите состојките и да се придржувате до рецептот.

Зелените сливи или кајсии нема да пуштат доволно сок и арома па треба да им се даде доволно време да созреат.

Не додавате сол

За да не биде тестото без вкус, додајте и прстофат сол кој ќе ја нагласи блажината на соковите од сливите

Ги варите премногу долго или премногу кратко

Ставете ги кнедлите во зовриена вода и варете ги додена не испливаат на површината па потоа уште 2 минути.

Правите преголеми кнедли

Преголемите кнедли лесно се распаѓаат, а истото важи и во случај да користите големи сливи во комбинација со премало тесто. Пред ставањето во вода погледнете дали секоја слива е добро опфатена со тестото.

Оставате грутчиња во пирето

Компирите за пире згмечете ги низ преса, а ако ја немате, иситнете го секој компир посебно со гмечалка. Пирето мора да биде добро испасирано.

Месете топло пире

Пред да почнете да го месите тестото, оставете го пирето добро да се олади. Некои домаќинки го оставаат тестото да се одмори и неколку часа.