Која е границата помеѓу добрите и лошите масти?

Кога станува збор за масти, секој од нас има своја приказна. За некого масти се утринско уживање во четврт бурек, за друг само половина авокадо и лажичка маслиново масло на ден. Многумина се плашат од маргарин, од колбаси, од кајмак... но што всушност треба да знаеме за мастите покрај фактот дека ја прават нашата храна повкусна?

0
377

Мастите се делат на два вида: заситени, оние кои го зголемуваат лошиот холестерол во крвта и незаситени кои што го намалуваат холестеролот и се задолжителен дел од здравата исхрана.

Првите најчесто се наоѓаат во месото, млечните производи, путерот и кокосовото масло, вторите пак најчесто во растителните масла и во рибата.

Велиме најчесто, зашто едните без другите не може да се најдат во ниеден производ. И најздравиот производ во себе има малку заситени масти и тоа не треба да не загрижува зошто најновите истражувања покажуваат дека дури и заситените масти во умерени количини не се штетни за здравјето.

Одлична вест, но за жал тоа не е сѐ.

Прехранбената индустрија барајќи начин да ги преработи растителните масла во масти со цврста и долготрајна состојба почна да го користи процесот познат како хидрогенизација. Со хидрогенизација од растителни масла се добиваат цврсти масти, кои се многу погодни за користење во пекарството.

Меѓутоа, науката докажа дека во процесот на хидрогенизација вештачки се создаваат т.н. транс масти. За нив истражувачките студии имаат лоши вести. Транс мастите се поврзуваат со зголемување на ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, когнитивни заболувања и мозочни удари.

Затоа консумирањето на транс мастите треба да се сведе на минимум, најмногу 1% од вкупниот внес на калории.

Се прашувате каде сè ги има транс мастите? Во сите производи кои содржат делумно хидрогенизирани масти, а тоа најчесто се производи на рестораните за брза храна и индустријата за готова храна како колачи, бисквити, замрзнатите пици, торти, крекери.

Прехранбената индустрија ги користи ваквите масти бидејќи тие ги подобруваат текстурата и вкусот на производите. Лоша вест, но за среќа тоа не е сè.

Откако науката и властите застанаа зад препораките да се избегнуваат транс мастите во исхраната, некои производители нашле начин да произведат вкусни производи без хидрогенизација. Еден таков пример се маргарините за мачкање кои се продаваат во пластична кутија и кои не содржат хидрогенизирани масти.  Бројни научни студии како таа на Mayo Clinic и на Harvard Medical School покажале дека со својот состав ваквите маргарини се поздрава замена за путерот. На нашиот пазар таков е маргаринот Бордс Еве.

На крај, која мрсна храна е здрава храна? Нутриционистите препорачуваат консумирање на риба или масла како маслиново или сончогледово без грижа на совест, месо и млечни производи умерено, а брза храна и индустриски преработени прехранбени производи најмалку што можеме.