Која храна е најдобра за одредена возраст?

Нутриционистите препорачуваат во 30-тите да јадете што повеќе влакна, во 40-тите зелјести растенија, а во 50-тите храна богата со калциум.

0
520

Според препораките на нутриционистите здравиот начин на исхрана е секако добра одлука, како што е добро и никогаш да не претерувате со количината. Но, многу стручњаци веруваат дека својата исхрана треба да ја прилагодиме кон одредена животна возраст и типични здравствени проблеми за некој животен период. Ви нудиме мал потсетник за најквалитетните намирници на кои би требало да им дадеме предност во 30-тите, во 40-тите, 50-тите и 60-тите.

Уште во 30-тите многу луѓе почнуваат да чувствуваат дека метаболизмот им се забавува. Тоа значи дека повеќе не можат да си дозволат голема количина на храна ако не сакаат тоа веднаш да се одрази на нивната телесна тежина. Ако сакате да го поттикнете метаболизмот, особено е важно да консумирате што повеќе влакна. Јадете многу зелен лиснат зеленчук, како на пример, спанаќ и кељ.

Важни се и здравите масти (авокадо, јаткасти плодови, семки, итн), кои ќе ви помогнат да останете подолго сити и полесно да се воздржите од нездравите залчиња. Во 30-тите често се појавуваат и првите брчки.

Имено, колагенот се намалува околу 35-тата година од животот, па затоа јадете што повеќе намирници кои го поттикнуваат неговото создавање.

За тоа е во прв ред важно доволното внесување на витамин Ц, со кој се богати цитрусите, пиперките и слично.

Во 40-тите се чести хормонските проблеми, а во одржувањето на хормонска рамнотежа, првенствено можат да помогнат зелјестите растенија како брокула, карфиол, прокељ, итн.

Погрижете се и да внесете доволно омега-3 масни киселини кои, меѓу останатото, ублажуваат разни воспалителни процеси во организмот. Со тоа воедно се намалува и ризикот од сериозни болести во подоцнежните години.

Доволна количина омега-3 масни киселини ѝ помага и на кожата која станува поубава и помладешка. Избегнувајте храна која содржи многу сол, затоа што е тоа и период во кои се позачестени и тегобите поврзани со крвниот притисок.

Во петото десетлетие мора да обрнете внимание на своите коски, затоа што во тој период значително се намалува густината на коските. Јадете што повеќе храна богата со калциум, но и намирници кои ја подобруваат апсорпцијата на овој минерал. Не заборавајте и на внесување на витамин Д, кој е исто така многу важен за здрави коски. И во 50-тите е многу важно да се консумира храна богата со влакна, како што се мешунките. Тие го намалуваат ризикот од висок холестерол и кардиоваскуларни болести.

По навршената 60.година треба да им се даде предност на намирниците кои помагаат за нормално фукционирање на мозокот. Тоа го намалува ризикот од деменција и слични проблеми во староста. На пример, извонредна храна за мозокoт се оревите, но корисни се и другите јаткасти плодови. Исто така, пожелно е да се јаде што повеќе зрнесто овошје кое е богато со антиоксиданси. Тоа го штити мозокот, но и другите органи, од оксидациски стрес.