Која храна никако не смеете да ја замрзнувате?

Замрзнувањето на храна е одлична идеја затоа што може да се спречи нејзиното фрлање, но постојат намирници кои сепак не би требало да се ставаат во замрзнувач.

0
958

Оваа храна подобро немојте да ја замрзнувате. Пробајте да ја искористите за приготвување на некое друго јадење, да ја изедете следниот ден, или во најлош случај, да ја фрлите.

Веќе одмрзнато месо, риба и морски плодови

Кога месото, морските плодови и пилешкото еднаш ќе се одрмзнат, треба да се изедат. Овие намирници не можат повторно да се замрзнуваат за идна употреба затоа што при одмрзнувањето расте бројот на бактерии, а со замрзнувањето можат да се замрзнат и тие бактерии. Постои исклучок. Ако тој вид на намирници се одрмзнат во фрижидер кој работи на 5° C или пониска, можно е повторно да се замрзнат, пишува Дејли Меил.

Сварени тестенини

Ако имате остатоци од тестенини, може да биде примамливо да се замрзнат за подоцнежна консумација. Меѓутоа, откако ќе ги одмрзнете тестенините, можете да завршите со тестенини кои апсорбирале премногу вода и станале невкусни, меки и во прилично распадната состојба. Ако веќе имате замрзнати тестенини, постои еден трик со кои би можеле да ги приготвите за јадење, а да ги избегнете нус појавите на одмрзнувањето. Пред да ги одмрзнете, ставете ги во сад со врела солена вода на неколку моменти за да оживеат и да бидат јадливи.

Меки сирења

Додека тврдите сирења како чедар е добро да се замрзнуваат, меките, вклучувајќи ги Бри, Камемберт, козјите сирења и Рикота, не се за замрзнување. Тие видови на сирења, ако се замрзнат, ќе се распаднат на мали делчиња и при одмрзнувањето нивната текстура ќе се измени. Останатите сирења кои можат да се замрзнат се Пармезанот, гаудата и швајцарските сирења.

Авокадо

Постојат две спротивставени мислења за тоа дали авокадото може или не може да се замрзне. Дел од нутриционистите велат дека авокадото, исто како и останатото овошје, може да се замрзнува. Потребно е да се преполови, да се извади семката или да се претвори во пире, да се стави во кесичка за замрзнување заедно со парче лимон и да се замрзне. Од друга страна, публикациите како што е Delish пишуваат дека авокадото не смее да се замрзнува. Тие велат дека овошјето ја губи својата свиленкаста текстура кога ќе се одмрзне, како и дел од вкусот.

Пржена храна

Ако ви останала пржена храна, најдобро е да ја ставите во фрижидер или да ја фрлите. Пржената храна нема смисол да се замрзнува затоа што крцкавиот дел од месото опри одмрзнувањето ќе стане гмечаво.

Mлеко

Ако имате премногу млеко, ставањето на вишокот во замрзнувачот може да предизвика згрутчување на истото при одмрзнувањето. Вакво млеко не се препорачува да се пие ниту да се меша со житарки. Но одмрзнатото млеко не треба да се фрла. И покрај променетата текстура, одмрзнатото млеко може без проблем да се користи за готвење.

Краставици

Иако многу зеленчуци можат да се замрзнат, краставиците не смеат да се замрзнуваат поради големата содржина на вода. Зеленчукот како целер, зелена салата, тиквички и зелка исто така не треба да се замрзнуваат.

Може да се замрзнуваат, кромидот. Тиквата, доматите и пченката. Бананите исто така можат да се замрзнат и одлични се за користење во фрапе.

Фото: Pixabey