Која храна треба да ја избегнувате во лето?

На мирисот на потта најмногу влијае генетиката, но и храната што ја јадеме. Бидејќи сме среде лето, еве која храна може да ја влоши состојбата

0
428

Со оглед на тоа што е летото во полн ек, можеби треба да внимаваме што јадеме за да го избегнеме лошиот мирис на потта кој ни прели и нам и на околината.

Еве од што треба да се воздржиме:

Преработена храна

Ваквата храна содржи рафиниран шеќер заради кој гликемискиот индекс на производите е поголем. Се смета дека шеќерот присутен во крвта по консумирањето на преработена храна го менува составот на потта.

Кога тој се комбинира со бактериите на кожата се менува и мирисот на телото. Исто така, преработената храна не содржи хлорофил, хемикалија која му дава на зеленчукот боја и ги неутрализира бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис.

Црвено месо

Ензимите во цревата ги разградуваат остатоците од аминокиселини, кои потоа се мешаат со бактериите на кожата во текот на потењето и влијаат на мирисот на телото. Бидејќи месото потешко се вари, така и потните жледи лачат повеќе пот. На бактериите им се потребни часови после јадењата со црвено месо да не доведат до точката да „замирисаме лошо“. Нашата сопствена хемија диктира колку ќе трае мирисот на потта предизвикан од црвеното месо, па така тоа може да биде од два часа до дури две недели.

Риба

Омега-3 масните киселини од рибата се од голема важност за функционирање на мозокот и за намалување на ризикот од болести на срцето и крвните жили.

Општо е позната препораката дека риба треба да јадеме два пати неделно. Неа мирис ѝ дава холинот кој најмногу се наоѓа во туната и лососот. Некои луѓе можат да лачат холин преку потта и 24 часа после оброкот со риба.

Брокула, зелка, карфиол, кромид…

Овој зеленчук е секако здрав во нутритивен поглед, но може да влијае и на тоа како мирисаме. Причина за ова е сулфурот со кој се богати овие намирници. Телото го разложува сулфурот на нешто што мириса како ужегнат путер, а тој мирис може да се почувствува во нашата пот. Овој мирис би требало да исчезне порано отколку што е тоа случај со претходно спомнатата храна – во рок од шест часа после јадењето.

Тоа секако не значи дека брокулата, зелката и карфиолот треба да ги избегнуваме. Напротив.

Со динстање на овој зеленчук во вода која сме ја зачиниле со малку морска сол може да се неутрализира поголемиот дел од сулфурот, па така може да се влијае и на непријатниот мирис на потта.

Фото: Pixabey