Кој минерал ни недостасува?

Повеќето од нас доживеале силна желба за нездрави намирници, за чоколадо, крофни, колачи, грицки или нешто слично. Но дали знаете што значи тоа?

0
785

Без оглед на тоа дали станува збор за чоколадо, за крофни, солени грицки или тестенини – повремено сите чувствуваме силна желба за нив. Но и откако ќе ги изедеме, нашата желба не стивнува. Таа е знак за недостаток на одредени минерали.

Проблемот со нездравите намирници е следниот: колку и да изедеме, нивното јадење не ѝ става крај на таа желба, напротив, честопати потоа ни се јаде уште повеќе. За што станува збор тука?

Науката открила дека ваквиот копнеж на нашиот организам значи дека ни се потребни одредени минерали кои навистина можат да се најдат во нездравите намирници – но сепак е најдобро да го добиеме од целовита, здрава храна. И навистина, единствено ако тие минерали ги обезбедиме од природни извори во кои нутриентите се оптимално групирани заради подобра апсорпција, можеме да се надеваме дека тој копнеж по нездравите намирници ќе престане.

Чоколадо: магнезиум

На Запад, најчеста е желбата за чоколадо па затоа не треба да не изненади што е таа поврзана со нутриентот кој им недостасува на огромен број луѓе: магнезиумот.

Според неодамнешните статистики, речиси 80% Американци имаат недостаток од тој суштински минерал кој е неопходен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото, вклучувајќи и реакции кои се поврзани со опуштањето.

Всушност, магнезиумот може да се нарече и „минерал за опуштање“, бидејќи главни симптоми од неговиот недостаток се раздразливост, несонива и висок крвен притисок.

Тоа е причина што луѓето кои имаат дефицит од магнезиум се чувствуваат подобро откако ќе изедат парче чоколадо: малата количина магнезиум која тоа ја содржи  (содржана во какаото) ги опушта. Секако, затоа е многу  подобро да се користи црно чоколадо, со 70% какао која веќе може да се смета за релативно квалитетен извор на магнезиум (обичното чоколадо не е добар извор затоа што содржи помалку од 40% какао, доста шеќер и адитиви).Уште подобар извор на магнезиум се зелениот и лиснат зеленчук, јаткастите плодови, семките и мешунките.

Ако јадеме доволно од овие намирници, веројатно помалку ќе ни се јаде чоколадо.

Намирници богати со шеќер: хром, јаглерод, фосфор, сулфур и / или триптофан

Втор најчест вид на храна на Запад која е предмет на желба е храната со многу шеќер.

Тоа е најкомплициран облик на желба, бидејќи може да го предизвика недостатокот од најмалку пет нутриенти: хром  (помага да се регулира нивото на шечер во крвта), јаглерод (еден од елементите од кои се состои шеќерот), фосфор (му помага на телото да произведе енергија), сулфур (помага да се отстранат токсините) и триптофан (регулатор на производството на серотонин, хормон кој смирува).

Затоа најдобар начин за да се стави крај на постојаната желба за шеќер е да ја подобрите исхраната, збогатете ја со свежо овошје, зеленчук, интегрални житарки и јаткасти плодови, што ќе помогне да се надокнадат повеќето минерали во вашето тело.

Рафинирани јагленохидрати: азот

Желбата за рафинирани јаглениходрати, како што се тестенините и лебот е знак за недостаток на азот. Азотните соединенија се суштинска компонента на нуклеинските киселини и протеини, а нивниот недостаток може да доведе до симптоми на неисхранетост кои настануваат како последица од недостаток на протеини. Затоа, ако забележувате дека ви се јадат многу рафинирани јагленихидрати, додадете повеќе азот во својата исхрана. Повеќето намирници содржат азот во органски или неоргски облик, но свежото овошје и зеленчук се особено богати со него.

Следните облици на желба се помалку вообичаени, но сепак редовно се јавуваат во развиените земји.

Масна храна: ви недостасува калциум. Добри извори на калциум се сировото млеко, кашкавалот, зелје и брокули.

Мраз (сладолед): ви недостасува железо. Јадете повеќе храна богата со железо. Како што се зелен лиснат зеленчук и морски алги.

Солена храна: ви недостасува хлор и/или силициум.

Обидете се да додадете повеќе јаткасти плодови, семки и краставици со лушпа во својата исхрана.