Ќофтиња од карфиол

0
943

Состојки:.

1 карфиол од околу 400 г

3 – 4 мали кромитчиња

2-3 чешниња лук

3-4 јајца

Свеж магдонос

½ шолја изрендан кашкавал

½ шолја изрендана моцарела

½ шолја брашно

½ шолја млеко

Сол, бибер

Малисново масло

Приготвување:

  1.  Во поголемо тенџере зовријте вода и ставете го карфиолот да се провари и да омекне (внимавајте да не се превари), исцедете го и оставете го да се олади.
  2. Во сад за печење на малку зејтин пропржете ги ситно исечканиот кромид и лукот и тргнете ги настрана.
  3. Во друг сад ставете го карфиолот издвоен на поситни цветчиња, па додадате ги кромидот, лукот и јајцата. Зачинете и постепено додавајте ги млекото и брашното и мешајте додека не се соединат.
  4. Додадете ги кашкавалот и моцарелата и ситно сечканиот магдонос и добро измешајте (смесата треба да биде слична на онаа за палачинки).
  5. Загрејте една поголема тава за пржење и капнете малку маслиново масло.
  6. Со лажица земете од приготвената смеса и пржете. Ако изгледа премногу ретка или премногу густа, додадете брашно или млеко во зависност од тоа дали е премногу ретка или премногу густа.
  7. Пржете ги по минута до две од двете страни додека не станат златни и крцкави.
  8. Послужете ги топли.