Кои намирници можете најлесно да ги одгледате во својата градина?

Дали ви здодеа постојано да трчате по продавници или на пазар и да купувате намирници за кои не знаете ниту на кој начин се одгледани? Засукајте ги ракавите и направете си своја мала градина.

0
259

Не е сѐ толку тешко колку што мислите. Не мора да се фаќате со одгледување на нешто што бара многу копање и работа, почнете од овие пет билки кои се наједноставни и за кои не требаат посебни услови. А ниту еден плод што ќе го купиме не може да биде ниту близу толку вкусно како она што сами ќе го набереме. Не само што се таквите намирници повкусни, туку се и многу поздрави. Еве што е најлесно да засадите:

Домати

Не е тајна дека ова е зеленчукот за кој луѓето најчесто се одлучуваат кога сакаат да си засадат нешто за јадење во својата градина. Освен што се вкусни, доматите се богат извор на витамини Ц, К, Б6 и фолна киселина, а општопознато е дека се и еден од најдобрите природни антиоксиданси.

Сѐ што ви треба е добра земја, редовно залевање и доволно сонце. Бидејќи им е потребно повеќе време до првите плодови, садниците би требало да се садат напролет.

Краставици

Тие се сезонски зеленчук и би требало да се садат кога ќе поминат мразовите и кога ќе се затоплат времето и земјиштето. Никако немојте да ги садите на ладно тло.

Зачински билки

Свежите зачини кои сами ќе ги засадите ќе им дадат на вашите јадења сосема поинаков вкус, лесни се за садење, а конечно, многу е поекономично да ги садите сами отколку да ги купувате. Генерално, тие се љубители на сонцето и на убавото време, но се и прилично отпорни. Без оглед дали ги садите во саксии или на поголем простор, најбитно е земјата да биде доволно влажна.

Повеќето од нив можат да се садат после последниот пролетен мраз со исклучок на босилекот кој е многу чувствителен на студ, па се препорачува да се сади исклучиво во јуни.

Мешунки

Ќе бидете изненадени кога ќе видите колку се корисни и колку плодови даваат мешункастите растенија, без оглед дали станува збор за грав, грашок или боранија. Тие се богат извор на протеини, витамин Б, влакна и железо.

Некои мешунки растат во височина па се потребни држачи, па затоа обрнете внимание кое семе го купувате. Садете го семето директно во земја, кога земјата ќе се загрее и кога ќе поминат сите мразеви и ладното време. Тие бараат редовно залевање особено кога ќе се појават првите никулци. Кога се деновите потопли, околу коренот на билката би требало да се стави слама илипилевина за да остане земјиштето доволно влажно.

Зелена салата

Зелената салата исто така, спаѓа меѓу билките кои е многу лесно да се одгледаат. А кој не сака свежа салата за ручек или вечера?! Зелената салата е преполна со фолна кислеина, магнезиум, витамини А, Б1, Б2 и Ц. Салатата сака поладно време па затоа мора редовно и често да ја залевате. Најповолно време за садење е средината на април.

Фото: Pixabey