Кои намирници ќе ве разбудат подобро од кафе?

0
371

На сите зависници од кофеин кафето им е најважен напиток во денот. Го пиеме затоа што ни дава чувство на разбуденост. Но, за жал, тоа чувство не трае долго. Особено ако користите вештачки засладувачи или ако пиете некоја од ионстант мешавините од кафе, шеќер и млеко. Таквите напитоци само привремено ќе ве „кренат“, но многу брзо потоа ќе останете без енергија и повторно ќе бидете еднакво поспани како кога сте станале.

Ви предлагаме наместо кафе да се обидете да консумирате некои други напитоци кои се многу подобри „будачи“ од кафето.

Вода

Многу е важно на телото да му обезбедите доволно течности. Кога мозокот нема доволно течности, работи побавно, а ние се чувствуваме уморни и поспано. Затоа е најдобро штом ќе станете да се напиете чаша вода. Еднаков ефект ќе има и во попладневните часови – кога веќе и забораваме на тоа дека не сме сме испиле доволно течност и едвај гледаме, најдобро е да се испие чаша вода и на телото да му се обезбеди потребната течност.

Овесна каша

Иако многумина ја јадат за појадок, со неа испиваат и шолја кафе. Но тоа навистина не е потребно, со оглед на тоа што овената каша има низок гликемиски индекс и ќе ви обезбеди доволно енергија и чувство на ситост за следните неколку часа, а кога телото има енергија – не е уморно!

Зелен лиснат зеленчук

Можеби не звучи многу примамливо, но зелениот лиснат зеленчук (како спанаќ, магдонос, целер, блитва, кељ…) содржи многу витамин Б која помага да се претвори храната во енергија. Зошто денот не би го почнале со некое убаво зелено смути наместо со кафе!

Чиа семе

Малите, добро познати супер семки се богати со омега-3 масни киселини кои помагаат да се забрза работата на мозокот и помагаат во борбата против заморот. Исто така, заради својата голема можност за апсорпција на течност, чиа семките го забрзуваат метаболизмот и ни обезбедуваат чувство на хидратизираност и будност. Бидејќи е малку незгодно да се јадат сами за себе, додадете ги во овесна каша или во смути и обезбедете си двојна доза на будење!

Јајца

Протеините од јајцето даваат многу енергија која ќе ја имате во текот на целиот ден. Изборот за начини на подготвување на јајцата е навистина голем па можете да си направите јајце на око, кајгана, или да ги сварите. Можете и да ги споите со некој зелен лиснат зеленчук во убав омлет и ќе добиете вистинска енергетска бомба!

Иако знаеме дека е тешко да се откажете од шолја кафе, можеби овие предлози и не се толку лоши. Барем еднаш неделно би можеле да се обидете да разбудите со нешто друго, а не со кафе!