Кои напитоци треба да станат дел од вашата дневна рутина?

Сода бикарбона со вода, кокосово млеко, чаеви и се разбира, обична вода, и тоа, 3 л. дневно за мажи.а околу 2,2 за жени

0
721

Иако повеќето луѓе повеќе внимание ѝ придаваат на храната која ја внесуваат во организмот, отколку на напитоците, многу е важно да се создадат прехранбени навики кога станува збор за внесување на течности во организмот.

Сите тежнеат кон создавање здрави навики и здрава исхрана, но тешко е наеднаш да се изменат сите лоши навики кои досега ги практикувавме.

Кога станува збор за внесување на течностите во организмот, утврдено е дека мажите треба да пијат 3 литри вода дневно, додека за жени таа бројка се движи околу 2,2 литри.

Но постојат и други, повкусни начини, со чија помош можете да обезбедите хидратација на својот организам.

Кокосово млеко

Овој егзотичен напиток е најпопуларен на Филипините, Карибите и секаде кадешто има кокосови стебла. Станува збор за млеко со интензивен мирис на кокос и слаткаст вкус.
Тоа е извонредна замена за кравјо млеко затоа што лесно се вари, едноставно се подготвува и содржи многу хранливи материи.

Освен обично испивање, кокосовото млеко може да се користи на наместо шлаг пена во колачи или пак во смути, за да се искористи неговата прехранбена вредност.
Наједноставно за нашето поднебје со огле дна тоа што немаме кокосови стебла, е купувањето конзервирано кокосово млеко. Една шолја конзервирано кокосово млеко има повеќе од 10 отсто од потребните дневни вредности на железо, магнезиум, калиум и цинк.

Но станува отровно ако се троши премногу такашто никогаш не треба да се консумираат повеќе од 45 мг дневно.

Иако нема исти нутритивни вредности како обичниот кокос, видот заситени маснотии во конзервата со кокосово млеко се разликува од поголем дел од високомрсна храна, а може да понуди и некои здравствени предности. Половина од заситените маснотии се состојат од триглицериди од среден синџир кои за разлика од останатите масти, се варат како јагленохидрати, лесно се апсорбираат и веднаш се достапни за енергија.

Истражувањата сугерираат дека триглицеридите од среден синџир би можеле да помогнат при губењето килограми или намалување на процентот на поткожно масно ткиво.

Наместо кафе, одберете чај

Чаевите се подобри за забите, а некои чаеви обезбедуваат еднаква количина енергија како и кафето.

Билните мешавини немаат кофеин, додека традиционалните чаеви имаат помалку од 50 отсто од она што обично се наоѓа во кафето. Тоа значи дека може да се консумираат без непријатни влијание на нервниот систем.

Ако се обидувате да се префрлите од кафе на чај, обидете се со црн или билен чај кој ќе ве разбуди и ќе ви даде енергија.

Добрата хидратизација е клучна за добро здравје зашто е битна за основните телесни функции. Затоа лекарите често предупредуваат за важноста од редовно пиење вода.Но доколку водата не ви е вкусна, земете овошен чај кој ќе ѝ даде на водата подобар вкус.

Сода бикарбона и вода

Овој познат домашен лек може да помогне за неутрализација на киселините во желудникот и за намалување на пречките во варењето. Но не се препорачува за помлади од 5 години. Исто така, имајте на ум дека премногу честото консумирање на сода бикарбона и вода може да бид ештетно, особено за оние кои боледуваат од дијабетес, бубрежни пореметувања или други хронични состојби.
Иако е киселоста неопходна за варење на храната, премногу кислеост во телото поттикнува болести како остеопороза, рак и артритис. Станува збор за состојби кои посебно напредуваат во кисела средина. Токму затоа консумацијата на сода бикарбона и вода помага з арегулирање на киселоста и нивото на Ph.

Ослободете се од болките по вежбањето

Ако вежбате, млечната киселина се собира во мускулите, а тоа предизвикува болка и замор. За да не фрлате пари на различни напитоци, понмешајте четири шолји вода со пола лажичка сода бикарбона, една лажичка морска сол, две лажици мед и една лажица сок од лимон.

Со сода против настинка

За решавање на симптомите на настинка и грип, посегнете по чаша сода и вода. Во 1924 година, др.Волни С.Чејни објавил книга во која го забележал своето искуство во лекување на грипот. Забележал дека луѓето кои биле третирани со сода бикарбона, останале здрави или развиле поблага верзија на болеста.