Кои се најлошите намирници за мозокот?

Дознајте кои намирници треба да ги избегнувате, доколку сакате да го зачувате здравјето на мозокот.

0
1266

Обично пишуваме за намирници кои имаат бенефити за нашето здравје, но ретко обрнуваме внимание на онаа храна која може лошо да влијае на организмот.

Во продолжение дознајте што да избегнувате, доколку сакате да го зачувате здравјето на мозокот.

Растителни масла

Маслото од маслена репка, сончоглед и соја содржи големи количини омега 6 масни киселини, кои можат да предизвикаат воспаленија во мозокот. Додека овие киселини имаат позитивен ефект за коските, кожата и косата, подобро држете се до маслата што содржат омега 3 масни киселини, како што е маслиновото масло.

Туна

Живата најдена во риби каква што е туната, ајкулата и сабјарката е отровна за луѓето и може да го оштети мозокот, доколку се консумира во големи количини.

Повремено консумирање на овие риби не е страшна одлука, но трудете се да ги избегнувате.

Пржена храна и брза храна

Помфрит, крофни, мекици…сета храна која се пржи во длабок зејтин придонесува за зголемување на телесната маса, што влијае и на мозокот. Студиите покажале дека луѓето на кои ваквата храна им е дел од секојдневниот режим на исхрана имаат проблеми со учењето, помнењето и функцијата на мозокот.

Засладени напитоци

Сокови, енергетски пијалоци, како и напитоци како што се чаевите и кафето со шеќер, предизвикуваат невролошки оштетувања. Овие напитоци, покрај шеќер содржат и фруктоза која е поврзана со поголем ризик од деменција.

Транс масти

Транс мастите ѐ даваат на храната вкус и го одржуваат рокот на траење, но негативно влијаат на здравјето на мозокот.

Процесуираната храна со транс масти, какви што се тортите, колачите и мафините предизвикуваат трупање на хемикалии во мозокот, кои го зголемуваат ризикот од Алцхајмерова болест.

Рафинирани јаглени хидрати

Белиот леб, тестенините, житарките, шеќерот и оризот лесно се апсорбираат во крвотокот, нагло го креваат нивото на шеќер во крвта, што доведува до поголем ризик од дијабетес, кој е поврзан и со Алцхајмер. Од друга страна, нмамирниците од цело зрно, интегрален ориз, киноа и јачмен влијаат на намалување на воспаленијата во мозокот.