Кои се најдобрите чаеви за чистење на организмот?

0
3356

Чистењето на организмот е процес при кој телото на природен начин се ослободува од токсините. Детоксикација на организмот не е потребна само кога се внесуваат штетни материи како алкохол и цигари, туку секојдневно, затоа што се што јадеме и пиеме содржи одредена количина штетни материи. Чаевите кои помагаат за прочистување на организмот од токсини имаат голем процент на антиоксиданси и не смеат да содржат кофеин. Ако секој ден пиеме чај за детоксикација, тогаш не само што му помагаме на телото во чистењето туку и го зголемуваме внесувањето на вода. Најдобри чаеви за чистење на организмот се:

  1. Зелен чај

Зелениот чај е полн со антиоксиданси и тоа оние кои не се присутни во овошјето и зеленчукот. Важно е да се напомене дека овој чај не се подготвува во зовриена туку во врела вода (oколу 80 степени Ц).

  1. Чај од ѓумбир

Овој чај го подобрува и варењето и дава чувство на ситост. Ѓумбирот е силен антиоксиданс. Се препорачува овој чај да се прави од свеж корен.

  1. Чај од шипки

Овој чај содржи и витамин Ц и антиоксиданси. Се препорачува и за јакнење на имунитетот и за детоксикација.