Кои се најголемите опасности од месото?

0
271

Дали сте од оние кои велат дека ручекот без месо не е ручек? Можеби не сте свесни, но секојдневната консумација на месо може да биде исклучително штетна. Имено, некои истражувања покажуваат дека, од сите храни, месото најмногу му штети на нашето здравје. Исто така, светското производство на месо значително влијае врз климатските промени.

1. Најмногу труења со храна се случуваат токму со консумација на месо. Имено, повеќето фарми не водат премногу сметка за условите во кои живеат животните додека се товат па често се тие контаминирани со разни бактерии како Е. Коли, салмонела. На тој начин тие бактерии доаѓаат и до нашите маси и можат да предизвикаат труење со храна.

2. Повеќето меса се преполни со хормони за раст. За да ја достигнат својата продажна тежина, производителите на месо им вбризгуваат хормони на раст на животните кои потоа остануваат во месото, а ние ги консумираме. Со оглед на тоа што животните веќе имаат во себе одредено ниво на хормони (на пример, естроген, тестостерон, прогестерон), веројатно никој не сака да консумира и некои други вештачки додадени хормони.

3. Со консумирањето на месо можете да станете отпорни на делувањето на антибиотиците. Со оглед на веќе споменатите лоши услови на живот на фармите, производителите на месо користат разни антибиотици кои се користат за лекување на луѓе, во лекувањето на животни и спречувањето на ширењето на разни болести помеѓу нив. Со консумирањето на такво месо ние консумираме и антибиотици, па со секојдневна консумација на истите, стануваме отпорни на нивното делување кога навистина ќе ни затребаат.

4. Mесото може да доведе до еректилна дисфункција. Премногу преработено месо (салами, колбаси, кренвишли) можат да предизвикаат дебелеeње, покачен холестерол, рак на простата, но исто така и веќе споменатите хормони од месото можат да ја пореметат работата на хормоните и да предизвикаат еректилна дисфункција кај мажите.

5. Консумацијата на месо ја зголемува смртноста. Заради сите наведени причини, преголемата и неумерена консумација на месо може да го намали животниот век. Во споредба со вегетаријанците на пример, просечен маж вегетаријанец живее 83 години, додека маж кој јаде месо живее дури 10 години помалку – 73. Кај жените ситуацијата е малку подобра, па така, просечна жена која јаде месо живее 79 години, а вегетаријанката – 85 години.

Со оглед на сето наведено, бидете секогаш умерени во консумацијата на месо, но и настојувајте да го купувате од доверливи производители и добавувачи за да не се доведувате непотребно во опасност.