Кои се најздравите чаеви на светот?

0
601

Еве кои се најдобрите чаеви за вашето здравје:

Чај од листови на кафе
Истражувањето кое пред две години го спровеле американските наулници покажало дека чајот од листовите на кафето може да го подобри здравјето на целокупниот организам. Она што изненадува е фактот дека листовите кафе содржат исклучително високо ниво на антиоксиданти и активна состојка мангиферин, за која е докажано дека помага за регулирање на нивото на шеќер и холестерол, а истовремено го штити и здравјето на невроните.

Зелен чај
Тој е одличен извор на моќните антиоксиданси. Содржи висока концентрација на полифеноли кои помагаат за превенција на ракот на дојка, на белите дробови и дебелото црево. Зелениот чај може да помогне и за превенција на Алцхајмерова болест и болести на кардиоваскуларниот систем.

Црн чај
Научниците утврдиле дека лицата кои дневно пијат две до три шолји црн ќај имаат за 50 отсто помал ризик од настанување на деменција, во однос на оние кои црн чај пијат ретко или никогаш. Истражувањата покажале дека црниот чај може да помогне во превенцијата од оштетување на белите дробови предизвикано со пушењето.

Чај од нане
Овој чај ја подобрува работата на системот за варење и го намалува нивото на стрес. Исто така може да помогне во превенцијата на болестите на кардиоваскуларниот систем и го намалува ризикот од настанување на депресија, хроничен стрес и анксиозност.

Чај од камилица
Чајот од камилица се смета за еден од најздравите чаеви кои му се познати на човекот. Научниците утврдиле дека секојдневната консумација на чај од камилица може да помогне за превенција на низа состојби и пореметувања, а се покажал како делотворен и во негата на кожата.