Кој е најбезбеден метод за одмрзнување на месо?  

Во вода или во микробранова печка? Како полесно и побрзо да го одмрзнеме месото, а притоа да го спречиме развојот на бактерии, откриваат стручњаците за безбедност на храна.

0
809

Најсигурно е месото да го одмрзнете во фрижидер, но тоа знае да трае и по неколку часа. Кој метод е најбезбеден во ситуации кога немате баш многу време?

Одговори на ова прашање даваат Катарина Кутер и Стефани Дорес, стручњаци за безбедност на храна на Универзитетот во Пенсилванија.

Одмрзнување со помош на ладна вода

Ставете го месото во кеса за замрзнувач, па во сад со ладна вода, никако со врела! Садот со месо ставете го во садоперот. Доколку го одмрзнувате на овој начин, треба да ја менувате водата во садот на 15 минути.

Предности

Во ладна вода, месото ќе се одмрзне побрзо отколку во фрижидер. Овој начин е прилично безбеден затоа што не им дозволува на бактериите да се шират. На овој начин може да се одмрзне половина килограм месо за еден час.

Маани

Овој метод бара многу повеќе внимание отколку одмрзнувањето во фрижидер или во микробранова. Многу е вано да ја менувате водата на 15 минути и да водите сметка водата никако да не продре до месото и да не го навлажни.

Одмрзнување во микробранова печка

Предности

Ова е дефинитивно најбрз начин, а не бара труд.

Маани

Освен што го одмрзнува месото, микробрановата печка и го вари месото, што и не е толку лошо. Сепак, за да спречите бактериите да продрат во тие делумно сварени делови од месото, морате веднаш по одмрзнувањето во микробранова, термички да го обработите, односно, веднаш да го искористите.

Друга работа на која треба да обрнете посебно внимание е во кои садови го одмрзнувате месото затоа што не е секој сад погоден за микробранова печка, а особено не се оние во кои го купувате месото. Тие можат да се стопат, но и да испуштаат штетни хемикалии. Најдобро е месото да го одмрзнувате на чиста, бела чинија.

Заклучок

Иако и двете методи се прифатливи сепак определете се за микробранова печка. Овој метод е најбрз, но со почитување на наведените правила, е посигурен од одмрзнувањето во вода.