Која е најдобрата зимска храна?

Во текот на најстудениот период од годината, киселата зелка е еден од најдобрите можни извори на витамин Ц, што е во тесна врска со имунолошкиот систем.

0
1074

Ниските температури и студот, покреваат целосен спектар на процеси во човечкото тело, кои имаат задача да го загреат одвнатре, а притоа да се одржи што е можно понормално функционирање на другите процеси.
Со подолга изложеност на студ, сето тоа станува многу комплицирано и имунолошкиот систем е доведен во прашање, па одредени видови нутриенти во такви околности се вистински помошници на телото.

Банани

И покрај тоа што е тропско овошје што при одгледување нема ништо заедничко со студени временски услови, бананите како богат извор на калиум и магнезиум, му помагаат на телото при студ, намалување на стресот, исцрпеност и замор и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Кисела зелка

Во однос на богатството со витамин Ц во текот на најстудениот период од годината, киселата зелка е еден од најдобрите можни извори на овој витамин, што е во тесна врска со имунолошкиот систем.
Во исто време, киселата зелка која настанува како резултат на процесот на ферментација е полна со добри бактерии кои го одржуваат здравјето на дигестивниот систем и го штити организмот од болести.

Јогурт

Еден од најздравите млечни пијалоци е јогуртот кој исто така е богат со корисни бактерии кои помагаат во функционирање на цревата.
Пијалок кој има голема хранлива вредност и го држи чувството на ситост, делува позитивно на имунитетот.