Која е најопасната храна на светот?

0
2680

Денеска постојат бројни ресторани кои се популарни по тоа што во нив можете да јадете опасна храна. Исто така, постојат и билки кои сигурно некогаш сте ги користеле, а не знаете дека нивни одделни делови се многу отровни. Еве што се смета за најотровна храна во светот.

Фугу риба

Оваа јапонска риба, позната и како Блоуфиш, може да ве убие во рок од еден час. Црниот дроб и внатрешните органи на оваа риба содржат сртоносен отров, тетродотоксин и доколку не се исчисти и не се подготви како што треба, може да биде фатална по живот. Рибата може да се јаде пржена, сирова (сашими) или варена. Готвачите кои ја подготвуваат  мораат да поминат специјална обука која се фокусира исклучиво на овој вид на риба и трае 3 години. Повеќе од 44 фатални случаи се пријавени помеѓу 1996-2006.година.


Бозел

Цветовите од оваа билка се користат за подготвување на сок, но дали знаевте дека и плодот може да се јаде? За да бидат безбедни за исхрана, потребно е бобинките да бидат целосно зрели и правилно да се сварат, без лисја, гранчиња и семки. Бозелот содржи цијанид во своите листови, гранки и семки, а незрелите и неварени бобинки можат да предизвокаат диареја и напади.

Индиски ореви

Во никој случај не ги јадете сирови. Сировите индиски ореви кои можете да ги најдете во продавниците за здрава храна или во маркетите е всушност сварен на пареа за да се отстранат отровите. Индискиот орев содржи урошиол, отров кој може да се најде во отровниот бршлен, а претераното консумирање може да биде фатално.

Крвави школки

Овие школки се служат како деликатес во Кина. Проблемот е во тоа што овие школки се големи преносители на вируси, а се подготвуваат само така што на кратко се варат во зовриена вода. Забележано е дека 15% од кинеската популација добива труење заради ова јадење.

Рабарбара

Оваа билка не е толку застапена во нашата земја, но може да се најде во поголемите маркети. Таа има големи листови и триаголно долго меснато стебло. Листовите од оваа билка содржат оксални киселини, отров кој формира смртоносни кристали во бубрезите. Симптомите на труење со рабарбара вклучува: проблем со дишењето, мачнина, диареја, болка во очите, црвена урина. Затоа во исхраната се користи само стебленцето кое е со благо киселкаст вкус и потсетува на кисело јаболко.

Касу Марцу

Иако не е смртоносно, ова сирење е доволно застрашувачко за да ги избрка и најголемите гурмани од себе. На прв поглед тоа е само обично сирење од италијански овци, а многумина го споредуваат со горгонзола. Меѓутоа, кога ќе погледнете подобро ќе видите дека е преполно со живи црви!

Се прави такашто во раната фаза се иложува на муви кои ги несат своите јајца во него, а тие дејствуваат како катализатор за ферментација. Европската унија го забранила ова сирење, но наводно, се уште се произведува, се продава и се купува на црниот пазар во Сардинија. Мештаните го користат на забавите и како атракција за туристи.