Која е вистинската причина зошто некои луѓе мразат кориандер?

0
711

Некои луѓе имаат толку силна аверзија кон кориандерот што не можат да го поднесат ниту во најмали количини. Всушност, не станува збор само за вкусови, туку постои органска  причина  поради која некои луѓе чувствуваат одбивност кон оваа билка.

Едно истражување опфатило 30.000 луѓе кои биле прашани дали сакаат кориандер или не и била истражувана нивната индивидуална генома. Студијата покажала сличности кај групата на рецепторите за мирис кај субјектите кои се изјасниле дека кориандерот во салца ја прави да има вкус на сапуница. Било утврдено дека оваа група на луѓе имаат одреден ген, OR6A2, кој го зема мирисот на алдехидните хемикалии. Тие се органски молекули кои содржат јаглерод врзан со водород и двојно врзан кислород, и постојат неколку различни варијации на оваа хемикалија. Различни алдехиди имаат карактеристичен мирис, вклучувајќи го и кориандерот.

Во случајот на кориандерот, има повеќе од еден алдехид кој предизвикува ваков карактеристичен мирис, оној кој е исто така и спореден производ за правење на сапун.

Генот OR6A2 не е единствениот кој го предизвикува отпорот кон кориандер кај некои луѓе. Научниците веруваат дека има уште неколку, но засега знаеме дека тој ген има улога во тоа зошто кориандерот на некои луѓе им има вкус на сапун.

Затоа следниот пат кога ќе слушнете како некој се жали на вкусот на кориандерот, не избрзувајте со заклучоците. Можеби се тие биолошки кодирани за да не можат да го поднесат, а не можете да сторите ништо против својот биолошки код, нели?