Која храна е богата со витамин Б12?

Дел од оние кои имаат дефицит на Б12 чувствуваат трнење на одделни делови од телото, имаат вртоглавици, лошо расположение, а во потешки случаи може да доведе и до анксиозност и депресија.

0
8759

Како што старееме така и способноста на нашиот организам да го апсорбира витаминот Б12 се забавува. 4 од 100 жени на возраст од 40 до 59 години страдаат од дефицит на овој витамин, а уште поголем е бројот на оние кај кои е тој на долната граница. Меѓутоа, возраста не е единствена причина за оваа појава.

Избегнувањето на месо, земањето на одделни лекови како што е на пример Metformin кој често им се препишува на оние со дијабетес тип 2 и полицистични јајници, исто така, некои лекови против киселини па дури и подвргнувањето на хируршки интервенции за намалување на телесната тежина, ги зголемуваат вашите шанси да страдате од недостаток на витамин Б12.

Симптомите кои укажуваат дека имате недостиг од овој витамин можат да бидат разновидни, почнувајќи од интензивно чувство на замор па до лош вид.

Еве кои се најчестите симптоми дека ви недостасува витамин Б12, како и некои природни начини на кои можете превентивно да дејствувате, или да ја поправите состојбата.

Витаминот Б12 е нутриент кој го чува здравјето на нервите и крвните клетки и го поддржува создавањето на ДНА, генетски материјал во сите клетки. Витаминот Б12 го спречува и типот на анемија наречен мегалобластна анемија која ве прави уморни и слаби.

Некои луѓе страдаат од пернициозна анемија, состојба кога слузокожата на нивниот желудник не е во состојба да произведе гликопротеин и заради тоа нивниот организам не е во состојба да го апсорибира витаминот Б12 од храната. Некогаш оваа болест била смртоносна, а денеска се лекува со доживотно давање на инекции на витамин Б12.

Неопходната дневна доза на витамин Б12 зависи од возраста. На тинејџерите и на возрасните им се потребни најмногу витамини Б12
2,4 микрограми (физичка единица за мерење на маса која е еднаква на еден милионити дел од грамот) дневно.

Храна богата со витамин Б12

Овој витамин се наоѓа во голем број намирници од животинско потекло и во некои збогатени прехранбени производи, па еден од начините да го надокнадите недостатокот од витамин Б12 е да ги консумирате токму нив.

Говедскиот црн дроб и школките се најдобар избор на витамин Б12.

Најголемата корист од консумација на говедски црн дроб е многу висоиката содржина на витамин Б12. Доволни се само 30 грама за да се задоволат просечните дневни дози на овој витамин. Потрудете се да купите црн дроб со добар квалитет, односно, од говеда кои се хранети со органска храна и кои паселе на ливада. Консумирањето на говедски црн дроб спречува анемија затоа што освен со витамин Б12 е богат и со железо и фолати.

100 грама јагнешко месо или црн дроб содржат 85,7 микрограми витамин Б12.

100 грама школки содржат 98.89 микрограми витамин Б12.

Рибата, месото, пердувестите животни, млекото и млечните производи, јајцата, исто така го содржат овој витамин.

Дивиот лосос, значи, оној кој се лови директно од морињата е еден од најздравите и најбогати извори на протеини. Тој е преполн со витамини Б12 и Д кој е исто така многу често дефицитарен кај современиот човек.

Бифтек – во 170 г има дури 13,18 микрограми витамин Б12.

Јајцата се одличен немесен извор на витамин Б12. Тие содржат и холин кој му е неопходен на нашиот црн дроб за правилно функционирање.Едно покрупно јајце содржи 0,56 микрограми витамин Б12.

Во 170 мл млеко се наоѓаат 1,04 микрограми витамин Б12, а исто толку има и во шолја немрсен јогурт.

Ако сте вегетаријанец, тогаш добар извор на витамин Б12 е прехранбениот квасец. Тој е обично збогатен со витамин Б12 како и со други витамини од Б комплексот. Квасецот содржи и најмалку 9 од 18 аминокиселини кои човечкото тело не е во состојба да ги произведе.

Вегетаријанците, особено веганите кои не јадат дури и млеко и јајца можат да страдаат од сериозен недостаток на витамин Б12. Тие мораат да го обезбедат неговото внесување со помош на суплементи.

Симптоми за недостаток на витамин Б12

Попладне едвај останувате будни дури и ако сте спиеле 8 часа.

Заморот е еден од првите показатели на дефицит на витамин Б12 затоа што производството на црвени крвни зрнца кои го траснспортираат кислородот до нашите органи зависи од витамините. Без доволно кислород во клетките ќе се чувствувате уморно без оглед колку сте спиеле.

Ако не добивате доволно кислород од црвените крвни зрнца ќе се чувствувате како мускулите да ви се претвориле во каша. Недостатокот од витамин Б12 го предизвикува тоа чувство на слабост во мускулите, тешко ни е да носиме и најмал товар, не болат нозете од прошетка и слично.

Имате чудни чувства. „Имам впечаток како да ми поминува лектрицитет од глава до петици“, изјавила една 44-годишна жена на која ѝ е дијагностициран дефицит на витамин Б12. Други пациенти се жалеле на трнење на одделни делови од телото, главно на рацете и на нозете, и чувство како да ги боцкаат стотици игли. Овие чудни болови се јавуваат како последица од нервните оштетувања предизвикани од ниското ниво на кислород во клетките.

Дaли ви се случува често да не можете да се сетите на одделни зборови или на имињата на блиски луѓе? Или пак не знаете каде сте го ставиле клучот?.
Не се грижете, не е рана деменција, најчесто вашата расеаност е последица од недостаток на витамин Б12. Една 56-годишна жена изјавила како во еден момент не можела да се сети како се пополнува чек. Неа ѝ е дијагностицирано ниско ниво на овој витамин. Се случува дури и овој релативно безопасен проблем да се помеша со Алцхајмерова болест.

Вртоглавицата е уште еден од симптомите кои можат да ве упатат да се посомневате во недостаток од витамин Б12. Една турска студија го споредила нивото на витамин Б12 кај пациентите кои се жалеле на вртоглавици со резултатите на стотици доброволци. Пациентите со вртоглавица имале 40 отсто помалку од овој витамин од доброволците.

Кожата ви е бледа. Со недостатокот на витамин Б12, црвените крвни зрнца стануваат нежни и кршливи што предизвикува ослободување на пигмент на билирубини кои на кожата ѝ даваат жолтеникав тен.

Околу половина од оние кои страдаат под недостаток на витамин Б12 ги губат папилите, ситни нерамнини на јазикот, особено по рабовите. Исто така, пациентите се жалат и на печење и чувствителност, особено на задниот дел од јазикот. А бидејќи папилите на јазикот содржат рецептори за сетилото за вкус, ако многу ги изгубите, постојат шанси дека и омилената храна ќе престане да ви се допаѓа. Жените со недостаток на витамин Б12 можат да изгубат на тежина затоа што храната повеќе не толку вкусна како порано.

Други пациенти се жалеле на трнење на одделни делови од телото, главно на рацете и на нозете, и чувство како да ги боцкаат стотици игли. ОвиеАко секоја ситница може да ве расплаче, се чувствувате лошо расположени и понервозни од обично, можеби имате дефицит на витамин Б12. Тоа може да ви го разори расположението а во потешки случаи да доведе и до анксиозност и депресија. Лекарите не се сигурни зошто недостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од депресија но претпоставуваат дека тоа има врска со фактот дека витаминот Б12 учествува во синтезата на мозочните хемикалии како што се серотонинот и допаминот кои се одговорни за расположението. Во екстремни случаи дефицитот на Б12 може да го оштети оптичкиот нерв или крвните садови во ретината што предизвикува заматен вид, двојна слика, пречувствителност на светлост па дури и губење на видот.

Разновидна храна која вклучува умерени количини на месо, риба, житарки, овошје, зеленчук, млечни производи и јајца е она што ви треба на вашето мени. Со ваквиот начин на исхрана ќе го избегнете дефицитот на витамин Б12 како и на други есенцијални нутриенти.