Коктел за добро утро

Во врела вода чиа семките ќе набабрат за миг, а по ваша желба и за подобра арома, додадете и малку нане

0
935

Освен што делуваат антивоспалително, кога се комбинираат, куркумата и црниот пипер активираат хормони на среќата.

Ако додадете и сок од лимон и витаминот Ц кој тој го содржи, ќе добиете вистинска инјекција за будење на организмот и помош во борбата против стресот.

Чиа семките даваат енергија и благотворно дејствуваат на целиот организам, а циметот ја подобрува активноста на мозокот.

Состојки:

1/2 лажичка куркума

1/2 лажичка цимет

Прстофат црн пипер
1 лажичка чиа семкиi
1 лимон

По желба можете да додадете мед и ливчиња нане.

Приготвување: 

Ставете малку врела вода во шолја и ставете го чиа семето и оставете го неколку минути да набабри.
Додадете ги зачините и измешајте ги за да нема грутчиња.
Додадете го сокот од цеден лимон и додадете вода. По желба додадете мед и ливчиња нане.