Колач со боровинки со крем од лимон

0
726

Состојки:
За кремот:
кора од 2 лимона
½ шолја сок од лимон
¾ шолја шеќер
2 јајца, големи
½ шолја путер

За тестото:
¾ шолја сенаменско брашно
1 лажица шеќер
¼ лажичка морска сол
3 големи јајца
¾ шолја млеко
1 лажичка ванила екстракт
2 лажици стопен путер или растително масло
1 шолја свежи или смрзнати боровинки
шеќер во прав за сервирање

Приготвување:
1. За кремот: Во метален сад измешајте ги кората и сокот од лимон, шеќерот и јајцата. Додадете го потерот и ставете го садот врз сад со вода што врие. Нека се свари смесата со постојано мешање додека се згусне, околу 20 минути. Оставете ја да се излади во фрижидер.

2. За тестото: Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Посебно во друг сад измешајте ги јајцата, млекото и ванилата. Потоа додадете ги течните состојки во сувите и добро измешајте. Покријте и нека отстои на собна температура 1 час или 2-3 часа во фрижидер.

3. Дваесетина минути пред да заврши периодот на отстојување загрејте ја рерната на 230 степени. Ставете го тестото во тава, а врз него ставете ги боровинките. Печете 15 минути. На крајот одозгора посипете со шеќер во прав. При сервирање со секо парче ставете и од кремот со лимон.