Колач со карфиол и пармезан

0
626

Состојки:
1 среден карфиол
1 црвен кромид
7 ½ лажици маслиново масло
½ лажичка рузмарин, ситно сечкан
8-10 јајца
20 г босилок
180 г брашно
2 ½ лажички пециво
½ лажичка куркума
200 г пармезан
сол, црн пипер
путер
2 лажици црн сусам

Приготвување:
1. Обарете го карфиолот 15-20 минути во вода со сол, па исцедете го.

2. Дел од кромидот исечкајте го на кругови, а дел ситно. Испржете го на маслото заедно со рузмаринот, околу 8 минути.

3. Изматете ги јајцата, маслото и кромидот, па додајте го босилокот. Посебно измешајте ги брашното, пецивото, куркумата, пармезанот, 1 ½ лажичка сол и црниот пипер, па измешајте ги со јајцата и со карфиолот.

4. Намачкајте ја тавата со путер и ставете го сусамот. Одозгора сипете ја смесата, а врз неа наредете ги круговите кромид. Печете 45 минути на 180 степени.