Колач со афион и мармалад од кајсии

Еве еден поинаков рецепт за колач со мак кој е сочен и чоколаден

0
1196

Состојки:

5 јајца

120 г шеќер

125 г путер

40 г црно чоколадо

250 г мелен афион

Мармалад од кајсии

За преливот:

3 лажици масло

100 г црно чоколадо

Приготвување:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Земете тепсија со димензии 18-23 и ставете хартија за печење.

Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, а жолчките матете ги со шеќерот. На тивок оган стопете ги путерот и чоколадото, оставете ги да се подизладат па додадете ги во нив изматените жолчки и макот. Добро соединете и додадете во смесата 1-2 лажици од изматените белки и добро измешајте, за смесата малку да се разреди. Сето ова ставете го остатокот од изматените белки па полека со лажица соединете ја смесата и ставете ја во подготвената тепсија и во рерна. Печете 20 минути, па извадете го колачот.

Префрлете го во чинија и премачкајте го со мармаладот од кајсии. А откако ќе се подизлади прелијте со глазуратa од чоколадо и масло.