Колач со цвекло и чоколадо

Можеби сте сомничави кога станува збор за намирници од типот на морков и цвекло како состојки во колачи, но вреди да пробате. Лесно и вкусно!

0
195

Состојки:

50 г какао во прав

175 г брашно

1½ лажичка прашок за пециво

200 г шеќер

250 г сварено цвекло

3 средни јајца

200 мл сончогледово масло

100 г темно чоколадо, ситно сечкано

Шеќер во прав за поросување

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, потоа подмачкајте го калапот за печење.

Измешајте ги какаото, брашното, прашокот за пециво и шеќерот во голем сад за мешање.

Исцедете го и преполовете го цвеклото, а потоа измешајте го во блендер.

Додадете ги и јајцата едно по едно. Ставете го и маслото и мешајте се заедно додека не добиете мазна смеса.

Измешајте ја оваа смеса со сувите состојки и додадете го чоколадото, измешајте и сѐ заедно истурете во калапот за печење. Печете околу 45 минути. Кога е готово, извадете го и оставете го да се олади па поросете со шеќер во прав.