Колач со моркови, рогач и павлака

Ако не сакате преблаги десерти, а се обидувате да се храните здраво, пробајте го овој колач со моркови и рогач на кој посебна свежина му дава битолската павлака

0
284

Кога ви се јаде нешто слатко, но не и преслатко, секогаш е тука киселата павлака на Бимилк којашто освен што е одлична во комбинација со солени јадења, тука е и за да им даде свежа нота на десертите кои многу лесно и брзо можете да ги подготвите и самите.

Кога ќе ја искомбинирате со уште неколку здрави состојки, како што се рогачот и морковите, можете да изедете многу повеќе од количината која вообичаено си ја дозволувате.

Состојки:

4 јајца

100 г гриз

100 г брашно

100 г рогач

2 лажици кафеав шеќер

1 прашок за пециво

кора од 1 портокал

50 г сечкани ореви

сок од пола лимон

250 г моркови

100 мл масло

100 мл млеко

100 г Битолска кисела павлака

1 лажица рум

За кремот:

300 г несолена урда

3 лажици шеќер во прав

100 г кисела битолска павлака

сок од 1 портокал

2 кесички ванилин шеќер

1 шлаг

125 мл млеко (за шлагот)

Приготвување:

Излупете ги и изрендајте ги морковите и прелијте ги со сокот од лимон.

Измешајте ги сувите состојки, гризот, брашното и прашокот за пециво, рогачот, шеќерот, кората од портокал и сечканите ореви.

Изматете ги белките со малку сол во цврста пена. Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот и полека додавајте наизменично од сувата смеса и од млекото, маслото и битолската павлака. Додадете го румот и полека измешајте ги цврсто изматените белки и ситно ренданите моркови.

Ставете ја смесата во намрсено и со трошки поросено тавче и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

Извадете кога ќе биде готово и оставете го да се лади.

Кремот подгответе го такашто ќе ја изматите урдата со шеќерот во прав и битолската павлака и две кесички ванилин шеќер. Одделно ќе го направите шлагот (со 125 мл млеко) и ќе го додадете во кремот.

Кремот нанесете го врз тестото и се заедно ставете во фрижидер добро да се излади.