Колачи од мак?

Тие се едноставни, сочни и вкусни, а освен тоа имајте предвид дека макот е извор на многу нутритивни состојки, особено на антиоксиданси и витамини од групата Б. Пробајте го овој безглутенски колач со мак

0
394

Колачите од мак на многумина им се омилени затоа што обично не се тешки за правење, а со макот мжат да се комбинираат и состојки како јаболки, јогурт или чоколадо. Брзите рецепти од мак ги вклучуваат во себе основните намирници кои повеќето од нас веќе ги имаат дома, но можат да бидат и безглутенски.

Макот е извор на многу нутритивни состојки, особено на антиоксиданси и витамини од групата Б. Делува лековито на многу здравствени состојби, како на пример, против напнати мускули, против стрес и лошо расположение, против грчеви во стомакот, слаб имунитет и болки во желудникот.

Колач од мак и чоколадо

Безглутенски колач со мак и чоколадо е извонреден избор на десерти за оние кои имаат алргија на глутен или страдаат од целијакии. Извор е на многу влакна, минерали и витамини кои ќе го заблажат сечие непце.

Состојки:

220 гр црно чоколадо

120 г кокосов путер

75 г мелен мак

Малку сок од лимон

Малку рендана кора од лимон

125 г мелени лешници, ореви или бадеми

150 г кафеав шеќер

Лажичка цимет

Малку екстракт од ванила

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени, а садот за печење обложете го со хартија и намрсете ја хартијата  со малку путер.

На шпорет стопете го чоколадото на пареа и додадете го кокосовиот путер. Во голем сад ставете го мелениот мак, одбраните мелени јаткасти плодови и циметот и шеќерот. Потоа додадете ја стопената смеса, екстрактот од ванила, сокот и кората од лимон, измешајте сѐ и ставете ја смесата во приготвениот сад за печење.

Печете го околу 35 минути. Рабовите малку ќе се издигнат и ќе попукаат, а средината ќе делува како да не е допечена, но подоцна ќе се стегне. Кога ќе се олади, превртете го колачот во чинија и по желба поросете го со какао или со шеќер во прав.

Фото: Pixabay