Колачи со путер од кикирики

0
672

Состојки:

1 шолја путер од кикирики (по можност, со парченца од кикирики)

1 шолја кафеав шеќер

1/2 лажичка сода бикарбона

1 големо јајце

½ шолја брашно

1/4 лажичка сол

1 лажица екстракт од ванила

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени и ставете хартија за печење во тепсијата.
  2. Измешајте ги путерот од кикирики, шеќерот, содата и солта. Додадете ги разматеното јајце и екстрактот од ванила, а потоа и брашното.
  3. Направете 24 колачи и притиснете ги со вилушка за да добиете рецки.
  4. Печете ги 10-12 минути.