Колачи со чоколадна тајна (ВИДЕО)

Еве уште едни супер лесни колачи кој во себе кријат и убаво чоколадно изненадување. Ако немате баш такви чоколадни бонбони како во видеото, ставете по една коцка црно чоколадо

0
751

Наместо Hershey Kisses кои веројатно ги немате, можете да ставите во секое колаче по една коцка црно чоколадо или некое друго, по ваш избор.

 Состојки:

2 коцки путер

1/2 шолја шеќер (а може и помалку)

1 лажичка екстракт од ванила

1 и 3/4 шолја брашно

1/4 лажичка сол

1 шолја ореви

црно чоколадо

шеќер во прав

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки, освен црното чоколадо и шеќерот во прав и оставете ја смесата да се одмори. Загрејте ја рерната и земајте по малку од тестото со фаќалка за сладолед, сплескајте го и ставете во секое по коцка чоколадо и редете ги врз хартија за печење. Печете околу 15 минути, а потоа извалкајте ги во шеќер во прав.