Колку е токсична вашата храна? (ВТОР ДЕЛ)

0
300

Постојано излегуваат нови истражувања за штетноста на одредени состојки во намирниците што секојдневно ги јадеме, но во морето на такви информации мора да се направи разлика и да се знае што навистина претставува закана за нашето здравје, а што понекогаш сепак можеме да јадеме.

Јоана Блитмен, наградувана новинарка за британскиот The Sun која се занимава со истражување на храната, открила која храна и пијалоци не би смееле никогаш да ги земаме, а кои можеме да ги земаме во многу мали количини. Меѓу најлошите ги ставила обичните мастики за џвакање кои можат многу да му наштетат на нашиот организам, а милиони луѓе секојдневно ги користат.

Намирниците ги рангирала по степенот на токсичност од 1-10, со тоа што нивото на нивната токсичност е поголемо колку што е поголем бројот со кој се одбележани.

Ова е нејзината листа на намирници од најлошото кон најмалото зло за нашиот организам:

  1. ниво на токсичност – не ви требаат во животот:

Кечап – нивниот најголем проблем е големото ниво на шеќер. Не морате потполно да го исфрлите од исхраната, но користете го поретко и помалку ставајте го на храната.

Вегетаријански бургер – бургерите на база на соја се направени од индустриски преработени протеини на соја. Тие влијаат на промена на хормоналната рамнотежа и водат до проблеми со плодноста. Подобро е да јадете повеќе зеленчук, грав, леќа и јаткасти плодови.

  1. ниво на токсичност – добро измијте ги пред јадење:

Пакувани салати – многу често се причина за труење со храна. Минатата година повеќе од 200 луѓе во Велика Британија добиле E.Coli од пакуваните салати, а двајца починале. Подобро купете си цела салата која самите внимателно и темелно ќе ја измиете. Ако сепак купите пакувана салата, убаво измијте ја за да го намалите ризикот.

Никулци од грав – можат да бидат одлилно место за размножување на опасни бубачки. Во Германија во 2011 година починале 48 луѓе од E.Coli од овие никулци, а околу стотина дошле во состојба да имаат потреба од трансплантација на бубрези или од доживотна дијализа. Убаво мијте ги за да го намалите ризикот.

  1. ниво на токсичност – заменете ги со подобра варијанта:

Крофни – дебелеат и пржени се во рафиниран зејтин што пак ве изложува на алдеиди кои се поврзуваат со карциноми, Алцхајмер и Паркинс. Јадете ги еднаш месечно.

Пакувани сендвичи – тие се едни од најчестите извори на салмонела и листерија. Подобро самите направете си сендвич.

  1. ниво на токсичност – не претерувајте со нив:

Мармалад – обично содржи најмалку 50 проценти шеќер. Но ако го намачкате во тенок слој секој ден, особено ако самите сте го направиле, нема да ви штети.

Овошен јогурт – полн е со шеќер и со бои. Подобро додадете си свежо овошје во обичниот јогурт.

  1. ниво на токсичност – читајте ги декларациите:

Азиски сосови – оосбено оној од остриги често се полни со шеќер и вештачки бои и хемикалии. Затоа можат да предизвикаат алергиски реакции. Ако ги купувате, читајте што пишува на декларацијата и одбирајте ги оние што се поприродни.