Колку јајца неделно е безбедно да се јадат?

0
472

Нутриционистката Кери Ганс, авторка на книгата „The Small Change Diet“, смета дека две јајца дневно се сосема пристојна количина. Бидејќи секој организам е поинаков, како и нашите прехранбени навики, потребно е да се земе предвид и останатиот дел од исхраната и да се види од каде доаѓа остатокот од заситените маснотии што ги консумираме.

„Сосема е во ред да се јадат две јајца дневно, но доколку ги јадете со многу путер или кашкавал, секако обрнете внимание на тоа колку калории и маснотии внесувате во својот организам“, вели оваа нутриционистка. Таа напоменува и дека јајцето е целосна намирница и потребно е да се консумира цело, а не само белката или само жолчката.

„Постојат одредени нутриенти во жолчката кои нема да ги добиете од јајцето ако ја изедете само белката. Сите витамини кои се топливи во мастите се наоѓаат во жолчката такашто, ако го исфрлите, со него ја исфрлате маснотијата, но и сите останати важни нутритивни материи“, објаснува Ганс.

Едно големо јајце од кокошка има во просек 80 калории, 5 грама масти, 6 грама протеини и занемарлива количина јагледнохидрати, заради што се идеална намирница за оние кои сакаат својата исхрана да ја темелат на низок внес на јаглени хидрати и засилен внес на маснотии и протеини.