Колку пошарено, толку подобро

Со виолетови намирници против ракот, со црвени против стареењето, а со зелени против дебелината.

0
252

Здравјето навистина доаѓа во боите. Тие природни пигменти го штитат нашиот организам и повеќе отколку што сме свесни. Имено, исхраната врз база на растителни наирници ни дава најмногу хранливи материи кои ни се потребни.

Виолетово за мозокот и против рак

Боровница, капини, црни рибизли, аронија, сливи, виолетов кромид, виолетова зелка, темно грозје, виолетов компир, сето овошје и зеленчук со виолетов пигмент содржи флавоноиди – антоцијани кои се клучни во одбраната на организмот од рак, го запираат растот и развојот на малигните клетки, го забавуваат стареењето на клетките па се исклучително добри за мозокот и во борба против когнитивното пропаѓање и деменцијата, но и го контролираат крвниот притисок, го јакнат имунитетот и ги штитат мокрачните органи.

Темносиното овошје како грозјето содржи високо ниво на ресвератрол, за кој се верува дека го намалува ризикот од болести на срцето и рак, а има и други важни витамини и минерали кои исто така го подобруваат помнењето.

Црвено за срцето и против стареење

Црвената боја значи дек овие намирници се богати со антоцијанин и ликопен – моќни антиоксиданси кои го штитатсрцето, крвните жили, помнењето, го намалуваат ризикот од неколку видови на рак и го штитат уринарниот систем.

Го забавуваат стареењето благодарение на витаминотЦ. На пример, црвената пиперка има двојно повеќе витамин Ц од портокалот. Во црвенитенаирници има и селен, витамини А и Е. Ја креваат енергијата и го јакнат имунитетот.

Жолто и портокалово за видот и за имунитетот

Овошјето и зеленчукот со оваа боја содржи многу витамн Ц, каротеноиди и биофлавоноиди кои го штитат срцето, се борат противракот, ги чуваат видот и здравјето на очите и го јакната системот за имунитет. Оваа група овошје и зеленчук содржи и фолати кои се особеноважни за трудниците.

Жолтите и портокалови намирници, како жолтите јабока, портокалите, лимоните, дињите, кајсиите, праските, мангото, нектарините, ананасот, пченката, морковите, тиквата, го намалуваат и ризикот од рак на мочниот меур.

Зелено за чистење на организмот

Зелениот зеенчук и овошје се богати со луеин и индолим, витамини и минерали кои ги јакнат коските, забите, помагаат против ракот, го помагаат чистењето на телото од отрови, токсини, габички, и лоши бактерии и помагаат за одржување на телесната тежина.

Богати се и со фолна киселина која е исклучително вана за раст и регенерирање на клетките.

Во секој оброк вклучете зелени намирници, спанаќ, блитва, брокула, кељ,краставици, грашок, тиквички.

Фото: Pixabey